Обука за управување со аутизам и однесување за наставници по физичко образование (Ф.О.) е иницијатива кофинансирана од Еразмус + (2022-2-IE01-KA220-SCH-000100336), која има за цел да влијае на подобро вклучување на учениците со нарушувања од спектарот на аутизам во училиштата и во спортот. Со обука на наставниците, овој проект ќе влијае на нивните клучни компетенции за работа со ученици со аутизам. Исто така, обучената група на наставници по ф.о. ќе има големо влијание врз другите наставници по ф.о. во секоја од земјите партнери во овој проект.
Партнери во проектот
Преку осумте видеа подолу ќе дознаете повеќе за нарушувањето на аутистичниот спектар, применетата анализа на однесувањето (АБА) и како да ги користите материјалите создадени во овој проект.
Во подесувањата на видеото можете да одберете превод на македонски јазик.
Да се биде ефикасен наставник по физичко значи создавање програми што најдобро ги задоволуваат тековните потреби на твоите ученици. За многу ученици, вклучително и оние со аутизам, проценката на децата, планирањето на наставата и самата настава, треба да ги земат предвид бихејвиоралните и сетилните вештини на децата. Затоа, користете ја оваа алатка директно соработувајќи со вашиот ученик со аутизам за да ги тестирате, набљудувате и процените нивните потреби низ овие домени.
Погледнете го видеото подолу за да дознаете повеќе за збирката на цели.
Збирката на цели содржи насоки за наставниците по физичко образование кои ќе им помогнат при креирање на целите и задачите за своите ученици, преку користење на принципите на применетата анализа на однесувањето (АВА). Целта на овој водич е да се овoзможи прецизно планирање и осигурување дека целите и задачите се забележливи, мерливи и ги следат добрите практики за обликување и постепено напредување.
Со овие 28 наставни планови, можете да ги претворите вашите предизвици во можности за инклузија и раст. Секој план детално ја прикажува целта, потребните материјали, техники, активноста, резултатите од учењето, теоретското образложение и вештините и компетенциите што треба да се стекнат. Овие наставни планови доаѓаат и со модификации на активноста за да се осигура дека секој може да биде вклучен во активноста.
You have to log in to our website in order to download and use all produced content for free. If you don’t have a user account, please sign up.
Мора да се најавите на нашата платформа за бесплатно да ја преземете и користите целата содржина креирана во рамките на проектот. Доколку немате корисничка сметка, регистрирајте се.
Мора да се најавите на нашата платформа за бесплатно да ја преземете и користите целата содржина креирана во рамките на проектот. Доколку немате корисничка сметка, регистрирајте се.